Одличниот настап на голманот на македонскиот првак Арпад Штербик во првото четвртфинале од ракометната Лига на шампиони му донесе место во тимот на колото во изборот на ЕХФ ТВ.
Ова е по четврти пат Штербик да биде избран во најдобрата „седморка“.
Во тимот на колото се наоѓаат:
Лево крило – Уве Геншајмер (ПСЖ),
Лев бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ),
Среден бек – Арон Палмарсон (Веспрем),
Десен бек – Марко Вуин (Кил),
Десно крило – Никлас Екберг (Кил),
Пикер – Лудовик Фабрегас (Монпеље),
Голман – Арпад Штербик (Вардар).
Една од одбраните на Штербик е рангирана и како број 4 во ТОП 5 одбрани на колото, додека за гол број 1 на колото е избран гол на вардаровиот играч Тимур Дибиров.