Шпанија против Чешка ја почнува одбраната на титулата

Од:

Европскиот шампион Шпанија одбраната на титулата ќе ја почне со денешниот дуел против Чешка што се игра во Тулуз во рамките на групата Д.

Во рамките на оваа група вчера Хрватска ја совлада Турција со 1:0, што е голем мотив за селекциите на Шпанија и на Чешка шампионатот да го почнат со победа.

Секако најголемата дилема е во таборот на „црвената фурија“ кој ќе биде на голот Икер Касиљас или Давид Де Геа.

На досегашните девет натпревари на двете селекции Шпанија има 5 победи, Чешка 3, а еден натпревар завршил нерешено. Почетокот на натпреварот е во 15 часот.

Покрај овој натпревар денеска се играат и дуелите од групата Е:
Република Ирска – Шведска (почеток 18 часот во Париз на „Стад Д‘Франс) и
Белгија – Италија (почеток 21 часот во Лион).

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ