Шпанија вечерва ја прегази селекцијата на Турција со високи 3:0 во второто коло од групата Д.
Висенте дел Боске не смени ништо во однос на првиот дуел против Чешка, а вечерва напаѓачкиот тандем Нолито-Мората беше на ниво и сѐ беше полесно за „фуријата”.
Турците повторно разочараа, успеаја да му одолеат на фаворитот само половина час игра, а тогаш најпрвин Мората во 34-та, а потоа и Нолито три минути подоцна практично ги разрешија сите дилеми на средбата.
Шпанците продолжија во ист стил и во вториот дел, па во 48-та минута веќе беше 3-0. Андрес Иниеста феноменално го проигра Жорди Алба кој беше во офсајд, а овој несебично го проигра Мората кому не му беше точка да стави печат на убедливата победа на неговата репрезентација.