Шок за Шпанија на Мундијалот: „Ова ми е еден од најлошите денови во животот“

Од:

Шпанската фудбалска репрезентација се соочи со сериозен проблем пред почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство, откако крилниот напаѓач Нико Вилијамс се повреди и неизвесен е за дуелот против Австрија.

Шпанија го освои првото место во групата Х со седум бодови и без примен гол, но победата од 1:0 над Уругвај остана во сенка на повредите на двајца важни фудбалери.

Од Шпанската фудбалска федерација соопштија дека Вилијамс го повредил мускулот во пределот на препоните по дуелот со Николас де ла Круз во самиот финиш од натпреварот.

„Ова ми е еден од најлошите денови во животот. Повторно се повредив по една многу тешка година“, напиша 23-годишниот фудбалер на социјалните мрежи, оценувајќи дека стартот на уругвајскиот играч бил непотребен.

Дополнителни грижи за селекторот Луис де ла Фуенте претставува и повредата на Јереми Пино. Крилниот напаѓач во завршницата на натпреварот падна на теренот и ја повреди левата клучна коска.

Иако трпеше силни болки, Пино се врати во игра бидејќи Шпанија веќе ги имаше искористено сите измени и остана на теренот до последниот судиски свиреж.

„Жал ми е за повредата на Јереми. Утре ќе ги направи потребните прегледи, но многу е веројатно дека станува збор за скршеница на клучната коска. Направи херојски потег што остана да игра до крајот и многу сум му благодарен“, изјави Де ла Фуенте.

Покрај Вилијамс и Пино, поради повреда на мускулот сè уште не настапил ниту Виктор Муњос, што значи дека Ламин Јамал во моментов е единствениот целосно подготвен природен крилен напаѓач во составот на Шпанија.

Осминафиналниот натпревар меѓу Шпанија и Австрија е закажан за 2 јули во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он

ВИДЕО: Хаос во Аргентина по поразот во финалето, најмалку 15 уапсени

ВИДЕО: Не ги сака Шпанците, ама Трамп не можеа да го тргнат од бината при прославата на титулата