Шок во Австралија: Играчите ќе можат да играат дури и ако се заразени со коронавирус

Од:

Тенисерите кои ќе настапат на овогодинешниот Австралија Опен нема да мораат да се тестираат за ковид-19 и би можеле да играат дури и ако се заразени со корона вирусот, изјави директорот на првиот Грен слем турнир во сезоната, Крег Тајли, пишува Ројтерс.

Тајли истакна дека оваа година вакцинацијата повеќе нема да биде услов за учество на Австралија опен.

Ројтерс потсетува дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој девет пати во кариерата го освои турнирот во Мелбурн, минатата година беше депортиран од Австралија поради ставот кон вакцините.

„Само сакавме да следиме што се случува во заедницата во моментов“, рече Тајли.

Австралија опен ќе се игра од 16 до 29 јануари во Мелбурн.

Отидовме чекор понатаму со тоа што им препорачавме на играчите да останат дома доколку не се чувствуваат добро и дека нашиот медицински персонал ќе продолжи да ја следи нивната состојба“, изјави директорот на Австралија Опен.

Би можело да ве интересира

Јаник Синер ја одбрани титулата во Мелбурн

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

Сензационална Американка во финалето на Австралија опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ