Новата сезона во македонскиот фудбал ќе започне на 6.август. Во „Куќата на фудбалот“, со ждрепка беше одреден распоредот. Во ждрепката беше вклучена и Ренова чие учество во првенството е под голем знак прашалник.
Актуелниот шампион Шкупи, одбраната на титулата ќе ја започне со гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. Шкендија во првата рунда ќе го пречека Скопје, Работнички ќе гостува во Кратово, Струга ќе ја пречека Победа, Македонија ЃП ќе и биде домаќин на Ренова, а Брегалница ќе гостува кај Академија Пандев.
Извор: Топспорт