ШК “БМ-Кисела Вода” го даде првиот шампион во шах на Северна Македонија

Од:

Пред една седмица беше затворено поединечното првенство во шах на Северна Македонија, каде Кирил Георгиев, наш репрезентативец и прва табла на Северна Македонија, кој воедно е и член на шаховскиот клуб од Општина Кисела Вода “БМ-Кисела Вода”, убедливо го освои првото место. Тој освои 8.5 од 9 поени.

Пехарот од денес ќе ги краси витрините на кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски кој е генерален спонзор на овој шаховски клуб.

Денес, во име на Кирил Георгиев, пехарот ми го врачи селекторот, кој воедно е член на ШК “БМ-Кисела Вода”, Роландо Кутиров.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ