Шаховскиот клуб Алкалоид в сабота во Скопје ќе организира „Отворен турнир во брзопотезен шах АЛКАЛОИД 2015“.
Турнирот ќе се рејтингува за блиц листата на ФИДЕ, ќе се игра Швајцарски систем со 13.кола со темпо на играње три минути по играч со додаток од две секунди по потег.
Почетокот е во 11 часот, а сите заинтересирани шахисти за учество можат да се пријават на електронската пошта [email protected] или на лице место во хотел „Континентал“ во Скопје најдоцна до 10:30 часот.
Паричниот награден фонд е 60 илјади денари, а предвидени се и голем број специјални награди во разни категории.