Шефот на Ферари, Матија Биното продолжува да го поддржува Себастијан Фетел, кој има проблеми од почетокот на сезоната 2019 година. Германецот беше жестоко критикуван по грешките минатата сезона, а неубедливото претставување продолжи уште со лансирањето на овогодинешниот календар.
Во последниот викенд, за време на Гран при на Бахреин, помладиот колега Шарл Леклер беше очигледно побрз од четирикратниот светски шампион, но сепак Биното верува дека Фетел ќе го врати ритамот.
– Се разбира дека како тимски шеф, должен сум да ги советувам пилотите, а тоа ќе продолжи и понатаму. За мене најважно е дека во тимот има натпреварувачки дух и ова им помага на нашите пилоти да постигнат големи резултати во трката. Еден пилот треба да чувствува самодоверба, а ние правиме сè за да можат Себ и Шарл да ја имаат, изјави шефот на Ферари пред ГН на Кина.
Трката ќе се одржи во Шангај на 14-ти април.