Шарапова со „вајлд карта“ на УС Опен

Од:

Шампионката на УС Опен од 2006 година, Русинката Марија Шарапова доби „вајлд карта“ од организаторите за настап на овогодишниот турнир.

Шарапова има освоено вкупно пет грен слем титули, а во Њујорк има биланс од 32 победи и девет порази на 10-те досегашни настапи.

На последниот настап во 2014 година таа беше елиминирана од Каролине Возниацки во четвртото коло.

Руската тенисерка сега се наоѓа на 148. место на ВТА листата, а при своето деби на УС Опен беше рангирана на 54. место. Шарапова во својата кариера 21 недела била тенисерка број 1 на светот.

Таа на последниот турнир во Синсинати го откажа настапот поради повреда на раката.

На квалификациите на УС Опен што ќе почнат на 21 август се очекува да настапи и нашата тенисерка Лина Ѓорческа, која изминатиов период немаше настапи поради повреда.

Главниот турнир на УС Опен почнува на 28 август.

Би можело да ве интересира

Марија Шарапова стана мајка

Ана Ололовска

Шарапова елиминирана уште на стартот во Штутгарт

Наум Локоски

Шарапова: Немам толкава самодоверба како претходно

Наум Локоски

Шарапова се откажа од турнирот во Мајами

Наум Локоски

Шарапова: За време на паузата уживав во животот

Наум Локоски