Шалке му понуди на Раул амбасадорска улога

Од:

Сопственикот на бундеслигашот Шалке Клемент Тонис на својот некогашен фудбалер Раул Гонзалес му понуди да биде амбасадор на клубот.

– Вратата за Раул во Шалке е секогаш широко отворена. Ние му нудиме да стане наш амбасадор кога и да посака. Тој се изјасни дека сериозно ќе ја разгледа понудата, изјави Тонис за германските медиуми.

Раул во Шалке настапуваше од 2010 до 2012 година. Пред да се пресели во Гелзенкирхен, 16 години беше играч на Реал Мадрид каде ги помина сите категории додека стигне до А тимот, а од 2012 година е играч на Ал Сад (Катар).

Шпанецот минатата недела со сегашниот клуб одигра проштален дуел во Гелзнкирхен против Шалке и беше бурно поздравен од околу 80 илјади навивачи на бундеслигашот.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ