ШАХ – Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023

Од:

Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023.

Почнувајќи од 2012 година, организирани се 7 отворени меѓународни турнири во шах со рапид темпо на игра и 4 во блиц. По пауза од три години (поради пандемијата на вирусот корона), оваа година е продолжена традицијата, со убедливо најголем интерес меѓу шаховската јавност.

На турнирот учествуваа апсолутно рекорден број 227 шахисти од сите возрасти – најмладиот учесник на возраст од 8 години, а најстариот на возраст од 80 години! Шахот ги поврзува и ги обединува луѓето од сите генерации во рамноправна игра, при што магијата е во тоа што исклучиво шаховското знаење и подготвеноста ја одлучуваат секоја поединечна шаховска партија!

Огромниот интерес за учество на овој турнир е само уште една потврда за авторитетот што го има АЛКАЛОИД како спонзор и како шаховскиот клуб не само во нашата држава туку и пошироко, со оглед на тоа дека, покрај најдобрите македонски шахисти, учествуваа и 36 играчи од уште 7 држави. Турнирот беше одржан во атмосфера на шаховски празник, со учество на голем број гледачи!

На врвот на турнирската табела со по 8 поени од 9 партии се најдоа тројца шахисти, а според дополнителниот турнирски критериум првото место сосема заслужено го освои српскиот велемајстор Синиша Дражиќ.

Најуспешни македонски шахисти со по 7 поени од 9 партии (на делба од 6. до 14. место) беа младите Емил Ристески, Михаил Јорданов, Филип Михов и Матеј Звездакоски, како и ветеранот Владимир Тркаљанов.

Најуспешни македонски шахистки беa следните македонски репрезентативки: женскиот фиде-мајстор Моника Стојковска и женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска со по 6 поени од 9 партии.

Најуспешни јуниори и јуниорки (од вкупно 69 учесници до 18 години) – според возрасните категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), медали и подароци од организаторот освоија: до 10 години – Илијана Велева и Лука Симоноски, до 12 години – Благоја Миновски и Брнс Елисавета, до 14 години – Ивана Велкоска и Кирил Николовски, до 16 години – Моника Жежовска и Антон Златков, а до 18 години – Инџи Ајрадиновска и Матеј Звездакоски.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

Шахистот Тони Лазов испиша историја освојувајќи сребрен медал на Олимпијадата во Будимпешта

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ