Репрезентациите на Северна Ирска и Португалија изборија пласман на ЕУРО 2016, откако синоќа на домашен терен постигнаа победи над Грција, односно Данска.
Северна Ирска во рамките на групата Ф ја победи Грција со 3:1 и има недостижна предност за третопласираната од групата Унгарија. Слична е сликата и во групата И, каде Португалија со 1:0 славеше над Данска и има недостижна предност за ривалите од групата и го обезбеди првото место.
Во оваа група во Елбасан Србија ја победи Албанија со 2:0 и со тоа го спречи ривалот по ова коло да обезбеди пласман на Европското првенство. За Албанија останува шансата и на последниот натпревар против Ерменија или евентуално преку бараж.
Резултати и табели по синоќа одиграните натпревари од 9.коло:
Група Д: Грузија – Гибралтар 4:0, Република Ирска – Германија 1:0, Шкотска – Полска 2:2.
Табела: Германија 19 бодови, Полска 18, Република Ирска 18, Шкотска 12, Грузија 9, Гибралтар 0.
Група Ф: Унгарија – Фарски Острови 2:1, Романија – Финска 1:1, Северна Ирска – Грција 3:1.
Табела: Северна Ирска 20, Романија 17, Унгарија 16, Финска 11, Фарски Острови 6, Грција 3.
Група И: Албанија – Србија 0:2, Португалија – Данска 1:0.
Табела: Португалија 18, Данска 12, Албанија 11, Србија 4, Ерменија 2.