Сензационална победа на Џек Милер во Холандија

Од:

21-годишниот Австралиец Џек Милер во приватниот тим Marc VDS е сензационален победник на трката за големата награда на Холандија, возена на патеката Асен.

Ова е прва победа по 10 години на приватен тим по онаа на Тони Елиас во 2006 година во Португалија.

„Не знам како се чувствувам, преполн сум со емоции, оваа е неверојатно“, рече низ солзи радосници Милер по победата.

Втор низ целта мина Марк Маркез, а трет Скот Рединг.

Трката беше прекината во 15-от круг поради силен дожд, по рестарторт Роси имаше отворен пат до победата но падна и со тоа сега разликата помеѓу него и Маркез во генералниот пласман е 42 бода.

Испаѓањето на Роси го остави Марк Маркез на првото место на гридот. Зад него беше Џек Милер кој возеше сè побрзо. Еден круг подоцна, Маркез се опушти и Милер го презема водството. Австрлиецот го одржа тоа водство, зголемувајќи ја предноста помеѓу него и возачот на Репсол Хонда сè до крајот за сензационална победа воедно и прва во неговата кариера како МотоГП возач.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска