Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ го претрпе првиот Грен слем пораз по триесет победи.
Подобар од него во третото коло на Вимблдон беше Сем Квери кој успеа да да заврши работата која ја започна во петокот и да слави со 7:6, 6:1, 3:6, 7:6.
Дуелот поради дождот беше прекинат во петокот по одиграни два сета, а Ѓоковиќ денеска конечно го изгуби мечот, со што Вомблдон по две години ќе добие нов шампион.