Се реконструира спортското игралиште во населбата „Даме Груев“

Од:

Општината Ѓорче Петров деновиве го реконструираше повеќенаменското спортско игралиште во населбата „Даме Груев“, кое е изградено само пред две години.

Иако овој спортски храм е изграден по барање на граѓаните, како што велат од општината, за кратко време беше руиниран.

– Искршени беа стативите и обрачите од кошевите, а посебна опасност претставуваше честото кршење на орманчето за струја. По согледување на направените штети од корисниците на игралиштето, општината превзеде акција за отстранување на истите. Заменета е искината мрежа во должина од 160 м2 и поставена е и дупла арматурна мрежа зад головите. Заменети се стативите со метални и поставени се и нови обрачи на кош-таблите. Извршени се интервенции и на орманчето за струја со замена на склопките и истото е заштитено со метална мрежа, се наведува во соопштението од општина Ѓорче Петров.

Од општината апелираат до граѓаните во иднина игралиштето за мал фудбал, кошарка и ракомет да се чува затоа што тоа е собиралиште на младите од овој дел на Ѓорче, но со намерно оштетување ќе им се ускрати можноста за спортување. Игралиштето има и рефлектори и може да се користи и во ноќните часови.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“