Човекот кој на интернет се закани дека ќе го убие Роџер Федерер им се извини на организаторите на турнирот во Шангај.
„Многу ми е жал. Се расправав со навивачите на Федерер и тогаш напишав нешто глупаво. Се надевам дека организаторите ќе ме разберат, простат и доколку е можно ќе го проследат моето извинување до Федерер и неговото семејство“, напиша човекот под интернет-прекар „Blue Cat Polytheism Founder 07“, кој претходно ја напиша следната порака:
„Планирам да го убијам Федерер на 6-ти октомври за да го уништам тенисот“.