Се гради нов спортски терен во Македонска Каменица

Од:

Во тек е реконструкција на спортскиот терен и простор во училишниот двор на гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица. Во рамки на проектот како што информираа од каменичката гимназија ќе биде поставена нова стандардизирана „FIBA“ опрема и подлога на теренот од кошаркарското игралиште како и додатна урбана опрема на просторот од училишниот двор.

За градоначалникот Соња Стаменкова, реализацијата на овој проект за младите од Македонска Каменица значи отворање на поголеми можности за спортски активности.

– Со изградбата на новото модерно кошаркарско игралиште и урбано уредениот простор се надевам дека ќе допринесеме училишниот двор во гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“ да добие сосем нов лик, а воедно да прерасне како урбано катче на многу идни генерации и место во кое младите ќе продолжат да спортуваат во подобри услови како и да го користат за голем број на спортски активности и дружење, рече Стаменкова.

Изградбата на ново модерно кошаркарско игралиште се реализира на иницијатива на општина Македонска Каменица и рудник САСА.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“