СЦ „Борис Трајковски“ ќе добие тениска арена, гимнастичка сала и сала за боречки спортови

Од:

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински денеска ја презентираше новата капитална инвестиција за изградба на нова тениска арена, гимнастичка сала и сала за боречки спортови.

Новата сала ќе биде лоцирана во делот на Спортскиот центар и е прва од ваков тип во нашата држава, а единствена во регионот која ги опфаќа овие три содржини.

– Денеска го презентираме проектот кој го најавивме пред одредено време за изградба на тениска арена и гимнастичка сала, а на мое големо задоволство можам да соопштам дека овој проект го надополнуваме со сала за боречки спортови. Објектот ќе овозможи одржување на професионални натпревари од тенис, гимнастика и боречки спортови, а кога сме кај гимнастиката, можам да кажам дека повеќе од 30 години не е ништо изградено за овој спорт, рече Перински на презентацијата на проектот.

Тој информира за содржините на новиот објект кој ќе биде дел од центарот.

– Салата ќе бид ена две нивоа, на првото на 3.159 вкупна површина ќе се наоѓаат реквизитите и борилиштата за карате, бокс и кик-бокс, помошни простории, гардероби, тоалети, и остави за потребите на клубовите. Предвидено е да се постават два душека за борачите, четири татами за каратистите и пет ринга за боксерите. Дополнително, предвиден е и простор за трим патека и простор за фитнес центар, изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“.

На второто ниво ќе бидат сместени затворената тениска арена со простор за 500 гледачи и кафе бар, место за падел тенис и гимнастичката арена со повеќе од 20 типови справи и трибина со капацитет од 500 гледачи, дополни Перински.

Почетокот на изборот на процедурата за најповолен понудувач се очекува на почетокот на 2017 година, а објектот е проектиран на два милиони евра.

– Во финална фаза е процесот за добивање на корисничко право на земјиште и веднаш штом ги добиеме потребните документи ќе објавиме јавен повик за изработка на проект за објектот, нагласи Перински.

Директорот на центарот очекува изградбата на салата да трае од 12-15 месеци, односно во првата половина на 2018 година новата арена да биде готова.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ