Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош е убеден дека неговите избраници ќе го освојат трофејот на ЕУРО 2016 и ќе се запишат во историјата на фудбалот.
– Многумина сметаат дека незаслужено стигнавме до финалето. Нека мислат што сакаат. Мојот тим влегува во историјата, јас тоа го знам и верувам во тоа. Верувам во квалитетите на моите избраници. Ги знам нивните можности, истакна португалскиот селектор во пресрет на завршницата на ЕП во Франција.
Токму домаќинот Франција е последната пречка за Португалците на патот кон нивниот прв трофеј на еврошампионатите.
Финалето на ЕУРО 2016 е вечерва во Сен Дени со почеток во 21 часот.