Сергеј Самсоненко изјави дека ја променил својата одлука и кажа дека и по завршувањето на сезоната ќе остане и во ракометните и во фудбалскиот клуб Вардар.
Тој во август со писмено соопштение се обрати до јавноста и кажа дека по завршувањето на сезоната ќе се повлече од македонскиот спорт поради пишувањата и клеветите против него искажани во медиумите.
Денеска на прес-конференција тој кажа дека тогаш со жешка глава ја донел таа одлука, а не дека сакал да замине од Вардар.
– Тука сум да правам добри работи, не сум направил ништо лошо. Не сакав и нема да заминам од Вардар, ќе останам тука и во добро и во лошо, рече Самсоненко.