Само со победа над Аргентина македонските ракометари ќе бидат во главната фаза на СП

Од:

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Краков го игра клучниот натпревар за пласман во главната фаза од Мундијалот. Ривал е селекцијата на Аргентина, која исто како и македонскиот национален тим, забележа два убедливи порази на стартот од фаворитите Норвешка и Холандија.

На тимот на Кирил Лазаров му е потребен триумф за да ја оствари целта.

„Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и сега ни претстои главната битка со Аргентина. Се работи за квалитетен противник кој покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално и да ги сведеме грешките на минимум. Се надевам ќе бидеме комплетни, иако ситуацијата со Томи Јагуриновски не е сјајна“, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Македонија првпат ќе ги одмери силите со Аргентина на мундијалите, а дуелот ќе го судат литванските судии Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП