Рускиот олимписки комитет повторно стана член на ИОК

Од:

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го обнови членството на Рускиот олимписки комитет (РОК), откако заврши речиси тримесечната суспензија за време на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

– Рускиот олимписки комитет во целост ги обнови своите права. Оваа одлука за нас е од големо значење, истакна првиот човек на РОК, Александар Жуков.

ИОК на петти декември привремено ја дисквалификува Русија поради обвинувањата за системски допинг, но на руските спортисти им дозволи да учествуваат на Игрите во Пјонгчанг под олимпиското знаме и химна.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот