Руска олимпијка се самоуби поради неуспех на ЛОИ во Лондон

Од:

Руската џудистка Елена Ивашченко се самоубила изминатиов викенд, скокајќи од 15. спрат од зграда во сибирскиот град Тјумен како последица од депресијата во која западнала поради неуспешниот обид да освои медал на Олимписките игри во Лондон.

Четирикратната европска шампионка си го одзеде животот на само 28 години, а причина за тоа според нејзиниот тренер било разочарувањето што не успеала да освои медал на последниот најголем светски спортски собир.

Покрај телото на Ивашченко бил пронајден пасош и проштално писмо.

– Таа беше убава, топла и дружељубива личност, силна спортистка која за жал имаше лабилен карактер. Ќе ни недостасува на многумина – вели нејзиниот тренер Вјачеслав Јурилов.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето