Русија може да биде отстранета од ОИ во 2020 година, заради манипулација со податоците од московската лабораторија

Од:

Русија може да биде отстранета од Олимписките игри во 2020 година заради манипулации со податоци од московската лабораторија, пренесува британски „Телеграф“.

Руската страна е осомничена за фалсификување на податоци од московската антидопинг лабораторија пред да биде пренесена во ВАДА.

Се шпекулира дека со податоците се манипулирало 18 месеци, криејќи ги кршењата на анти-допинг правилото од руските спортисти.

За потсетување, руските атлетичира сè уште не смеат да се натпреваруваат под своето знаме на натпреварувањата организирани од Меѓународната атлетска федерација.

Олимпијадата 2020 година ќе се одржи во Токио од 24 јули до 9 август.

Би можело да ве интересира

Јужна и Северна Кореја ќе настапат заедно и на Олимписките игри во 2020 година

Наум Локоски