Рубен Аморим зажале што седна на клупата на Манчестер Јунајтед?

Од:

По дебаклот на сите домашни фронтови, на Манчестер Јунајтед му останува само Лига Европа за борба за трофејот. Но, тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим не размислува за тоа во моментов.

В четврток „црвените ѓаволи“ ќе патуваат во Баскија на осминафиналето против Реал Сосиедад. Лига Европа не е само единствена шанса за трофеј, туку веројатно и единствена шанса за пласман во Лигата на шампионите.

Судејќи според она што го пренесува „Фудбал инсајдер“, Португалецот му се доверил на пријател дека жали за преземањето на Манчестер Јунајтед и како играчите мислат дека се многу подобри отколку што навистина се.

Јасно е дека Аморим има поголема грижа од подготовката за натпреварот против Реал Сосиедад, што и самиот го призна на прес-конференцијата.

„Луѓето на Лига Европа гледаат како на натпреварување кое можеме да го освоиме, но и како на полигон за пласман во Лигата на шампионите. Но, да бидам искрен, мислам дека имаме поголеми грижи. Знам дека е чудно тоа што го кажувам, но мора да се обидеме да изградиме нешто овде и тоа мора да биде поважно во овој момент отколку да победиме во натпревар“, изјави Аморим.

Би можело да ве интересира

Нико Ковач – кандидат за менаџер на Манчестер Јунајтед

А1он

(ВИДЕО) Манчестер е „црвен“ – Јунајтед го победи Сити во дебито на Карик на клупата

А1он

Манчестер Јунајтед го објави името на новиот менаџер

А1он

Манчестер Јунајтед се враќа 111 години наназад

А1он

Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим по слабите резултати

Нејмар се сели во Премиерлигата – станува „ѓавол“?

А1он