Рубен Аморим – најлошиот менаџер на Манчестер Јунајтед од Втората светска војна

Од:

Манчестер Јунајтед тоне сè подлабоко и подлабоко од година во година, и станува сè потешко да се утврди каде лежи неговиот најголем проблем.

Тој негативен тренд продолжи и оваа сезона, а според податоците објавени од Скај Спортс, сегашниот менаџер Рубен Аморим има најлош учинок, гледано според процентот на освоени бодови, од Втората светска војна до сега.

По четири кола од Премиер лигата, Јунајтед освои само четири бода и се наоѓа на 14-то место на табелата.

Гол-разликата на тимот на Аморим е 4:7, со една победа, едно реми и два порази.

Последниот удар дојде овој викенд, кога Јунајтед беше поразен со 3-0 од Сити во градското дерби.

Тој пораз беше последната капка што ја прелеа чашата и дополнително предизвика лавина критики против Португалецот, како од навивачите, така и од британските медиуми.

Во својата анализа, Скај Спортс дава преглед на перформансите на сите менаџери на Јунајтед, па затоа е јасно зошто Аморим во моментов е под огромен притисок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манчестер е „црвен“ – Јунајтед го победи Сити во дебито на Карик на клупата

А1он

Манчестер Јунајтед го објави името на новиот менаџер

А1он

Манчестер Јунајтед се враќа 111 години наназад

А1он

Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим по слабите резултати

Нејмар се сели во Премиерлигата – станува „ѓавол“?

А1он

Аморим: Секогаш исто – кога победуваме не е до составот, а кога губиме – вината е на составот

А1он