Возачот на Јамаха Валентино Роси, пред своите навивачи, ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Италија, која ќе се вози во Муџело.
Роси, на домашен терен ја освои 63-та пол позиција во кариерата, која за него е прва во Муџело по 2008 година.
„Докторот“, во последниот круг од квалификациите го забелеќа најдоброто време 1:46.504 минути. Веднаш до Роси трката ќе ја започнат Маверик Вињалес на Сузуки и уште еден Италијанец, Андреа Јаноне на Дукати.
Зад најдобрите тројца трката ќе ја започнат Марк МАркез, Хорхе Лоренцо, Алекс Еспаргаро, Дани Педроса, Бредли Смит, Данило Петручи и Скот Рединг.
Трката за Големата награда на Италија ќе се вози в недела со почеток во 14 часот.