Шампион во Мото ГП, пилотот на Јамаха, Валентино Роси, објави дека тој ќе ја продолжи својата тркачка кариера во 2021 година.
– Јас сум во тешка ситуација затоа што сакам да продолжам да учествувам во трките, имам мотивација. Неопходно е да се одлучи пред да започне сезоната 2020. Веројатно е подобро да останам уште една сезона и да заминам во 2021 година. Во принцип, се надевам дека ќе продолжам да настапувам уште една година, изјави Роси.
Четириесет и едногодишниот Роси е дел од Мото ГП од 2000 година, Италијанецот е седумкратен светски шампион.