Валентино Роси денеска потпиша нов договор со Јамаха до 2020 година.
Седумкратиот светски шампион следниот месец ќе наполни 39 години и воопшто не помислува на пензија. Во последната сезона Роси ќе има 41 година, со што ќе стане вториот возач по Колин Едвардс, кој се натпреварувал по 40-та година.
– Кога го потпишав претходниот договор со Јамаха во март 2016 година се прашував дали е тоа мојот последен договор. Тогаш си реков дека одлуката ќе ја донесам во наредните две години. Во текот на тие две години заклучив дека сакам да продолжам да се тркам, бидејќи тоа ми овозмножува да се чувствувам добро, потенцира Роси.
Негов партнер во тимот сезонава останува Маверик Вињалес, кој исто така потпиша договор до 2020 година.