Ромарио го нападна Анчелоти: Земај си ги работите и оди си!

Од:

Поразот на Бразил од Јапонија (2:3) на пријателски натпревар предизвика бура од незадоволство кај домашната фудбалска јавност, а селекторот Карло Анчелоти се најде на удар на критиките.

Меѓу најгласните беше легендарниот Ромарио, кој смета дека соработката меѓу италијанскиот стручњак и бразилската репрезентација треба да заврши.

Поранешниот напаѓач на „кариоките“ не бираше зборови, порачувајќи му на Анчелоти дека е време да си замине од клупата на петкратниот светски шампион.

– Анчелоти, готово е! Земај си ги работите и оди си! Никој не ја оспорува твојата историја. Ти си еден од најголемите тренери што ги видел светскиот фудбал, но тоа го докажа во клубовите. Со бразилската репрезентација, досега не покажа дека си на тоа ниво. Веќе не можеме вака – рече Ромарио.

Легендарниот Бразилец смета дека италијанскиот стручњак не успеал да се прилагоди на спецификите на работата во репрезентација, ниту пак да ја разбере важноста на националниот тим за бразилската фудбалска култура.

– Понекогаш во фудбалот работите едноставно не „кликнуваат“. Со Анчелоти тоа дефинитивно не се случи. Тој не ја разбра динамиката на работа во репрезентација, а особено не разбра што претставува бразилскиот фудбал и жолто-зелениот дрес. Крајно време е за промена. Збогум – порача Ромарио.

Тој исто така му се обрати на претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, барајќи од него да реагира и да не дозволи проблемите да продолжат сè до Светското првенство.

– Не смееме да ризикуваме да прокоцкаме уште едно Светско првенство. Време е да се дејствува, и тоа веднаш – заклучи поранешниот ас.

Поразот од Јапонија дополнително го зголеми притисокот врз Анчелоти, кој се соочи со сериозни критики во момент кога Бразил се обидува да ја пронајде вистинската форма за следниот голем предизвик.

Би можело да ве интересира

Нејмар e првиот играч казнет според новото фудбалско правило

А1он

Самураите се бореа, но не издржаа – Мартинели е херојот на Бразил

А1он

Лекарот на бразилската репрезентација: Повредата на Нејмар не е наивна

А1он

(ВИДЕО) Моментот кога Нејмар дозна дека ќе оди на Мундијалот 2026

А1он

Анчелоти го објави поширокиот список на Бразилци за Мундијалот 2026 – и Нејмар е на него

А1он

Шок за Анчелоти – Едер Милитао ќе го пропушти Мундијалот

А1он