Репрезентациите на Романија и Швајцарија одиграа натпревар без победник на Европскиот фудбалски шампионат во Франција. Првиот средба од 2.коло на групата А, одиграна на стадионот на „Паркот на принцовите’’ во Париз, меѓу Романија и Швајцарија заврши со резултат 1:1.
Романија во раниот дел од натпреварот односно 18-минута поведе со 1:0 со голот од пенал кој го постигна Богдан Станку.
Тоа беше и актуелен резултат по првото полувреме, а во второто по само дванаесет изминати минути (57) Адмир Мехмеди израмни на 1:1.
Во вториот меч од оваа група вечерва од 21 часот во Марсеј, домаќинот Франција за противник ќе ја има селекцијата на Албанија.
Потсетување дека во првиот натпревар од денешната програма, а во рамките на Б групата, фудбалерите на Словачка ја победија Русија со 2:1.