Актуелниот шампион во конкуренција на моторцикли Сирил Деспре на КТМ беше најбрз на 9-та етапа на 34-то издание на релито Дакар.
Тој 593 километри извозе за 5:41:36 часа, четири минути пред Шпанецот Жоан Бареда Борт, а трето време имаше Италијанецот Алесандро Ботули.
Португалецот Рубен Фарија е прв во генералниот пласман со три минути пред Деспре.
Во конкуренција на автомобили до втората победа оваа година дојде Шпанецот Хуан Рома со време 5:36:28 sati. Втор со четири минути негатива стигна актуелниот шампион Стефан Петерхансел, додека трет стигна домашниот миленик Орландо Теранова.
Петерхансел е прв и во генералниот пласман со 50 минути пред Жиниел Де Вије, а довчерашниот најголем ривал за титулата Насер ал Атија западна во големи проблеми и не е стигнат упте на целта.
Дакар продолжува утре од Кордоба до ла Риоха