Родман на вечера со Ким Јунг Ун

Од:

Денис Родман имал заедничка вечера со претседателот на Северна Кореја, Ким Јунг Ун, а потоа двајцата биле гостин а кошаркарски натпревар во Пјонгјанг.

На вечерата која ја приредил Олимпискиот комитет на Северна Кореја, Ким со Родман и неговата делегација разговарал во „пријателска атмосфера“, јави агенцијата „KCNA“.

Ким рекол, дека во иднина очекува, засилена спортска размена, која го промовира взаемното разбирање меѓу народите на двете земји.

Родман, сопственик на пет шампионски титули во НБА лигата, изјавил дека му е големо задоволство што се сретнал со Ким и неговата сопруга и изразил надеж дека спортската размена помеѓу САД и Северна Кореја ќе продолжи и во иднина.

Во Пјонгјанг, во четвртокот се одиграл и кошаркарски натпревар помеѓу 12 севернокорејски играчи и четворица кошаркари на Харлем Глобтротерс. Тимовите биле поделени во две екипи со по осум кошаркари, по двајца играчи на Харлем играле во двата тима. Натпреварот завршил со нерешен резултат 110:110.

Родман натпреварот го следел во друштво на претседателот Ким, тој носел темни очила и разговарал со него на англиски јазик без преведувач.

Би можело да ве интересира

Тринити Родман фудбалерка со најголема плата во САД

Кошаркарот Денис Родман во „дипломатска мисија“ во Северна Кореја

Наум Локоски