Според истражувањата на компанијата „Gemba“, Роџер Федерер е омилен спортист во Австралија.
Според учесниците во истражувањето, тој е човек со натпреварувачки дух, посветен, коректен, инспирира, а опишан е и како добар пример.
По него следуваат двајцата играчи на крикет, Мекграт и Гилкрист, а на четвртото место е Рафаел Надал, кој е опишан со сличните епитети како Федерер, со дополнувањето дека е „кул“.
Кога станува збор за листата на најомразените спортисти, на петтата позиција е Серена Вилијамс, која е опишана како „себична и плачка“. Тајгер Вудс е трет на листата најомразени, а на првото место е играчот на крикет Брендан Февол.