„Риско“ подготвен да ги пречека борачите на јуниорското ЕП

Од:

Македонија на почетокот на идниот месец ќе биде домаќин на Европското првенство за јуниори во борење во слободен стил, грчко-римски стил и борење за жени во слободен стил. Официјалната маскота на ова натпреварување ќе биде рисот „Риско“.

Борбите ќе се одржуваат во СЦ „борис Трајковски“ од 2 до 7 јули под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов кој ќе го отвори првенството, а генерален спонзор е Агенцијата за млади и спорт.

– Нашата држава за првпат ќе биде домаќин на вакво натпреварување каде ќе се одржат три во едно Досега се пријавени 563 натпреварувачи од 26 држави, а се очекуваат уште пријави од стотина натпреварувачи со што бројката би достигнала 40 земји. Со организацијата сме при крај и очекуваме на достоен начин да ја претставиме Македонија, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Организацискиот одбор и претседател на ФБСМ Чедо Николовски.

Селекторот на Македонија Виктор Богданов се уште го нема објавено конечниот список, а тоа ќе го направи за неколку дена во соработка со тренерите на клубовите.

Од Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ) најавија дека македонските борачи ќе настапуваат на првенствата во слободен и грчко-римски стил, но не ја исклучуваат можноста нашата репрезентација да учествува и во женските борби.

Подготовките за големиот спортски меѓународниот настан се во завршна фаза. Како промотори се ангажирани повеќе македонски истакнати борачи меѓу кои и носители на медали од Олимпијади и Европски првенства како што се Шабан Трстена, Шабан Сејдиу, Могамед Ибархимов и Зоран Шоров.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска