Репрезентативниот голман Столе Димитриевски е позитивен на коронавирус, не доаѓа во Скопје

Од:

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, е позитивен на коронавирус и нема да допатува во Скопје за подготовките на А репрезентацијата за натпреварите против Ерменија и Грузија, соопшти селекторот Игор Аангеловски.

– Во текот на вчерашниот ден, пред полетување за Скопје, нашиот репрезентативен голман ги добил резултатите од тестирањето кој за жал, покажале присуство на вирусот Ковид-19, вели Ангеловски.

Селекторот најави дека подоцна ќе информира за дополнителен повик на голманската позиција во најдобрата селекција, соопшти ФФМ на својата веб-страница.

Исто така, поради повреда на предната ложа (квадрицепс), подготовките на А-селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски. Тој и пред почетокот на подготовките беше под прашање за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија на 5 септември и со Грузија три дена подоцна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нападот на Винисиус над Столе доби и цртан филм

(ВИДЕО) Му се заканува жестока казна на Винисиус јуниор поради инцидентот со Столе Димитриевски

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците