Рели Дакар: Доминација на Пежо

Од:

Трикратната победа на возачите на Пежо кај автомобилистите ја обележаа третата етапа на релито Дакар.

Возачите на Пежо, кај автомобилистите, доминираа на 780 километри долгата етапа од Сан Мигел де Тукуман до Сан Салвадор де Хуи. Победи Стефан Петерхансел, пред Карлос Саинц и Себастијан Леб.

Од друга страна третата етапа нема по добро да ја паметат возачите на Тојота Ал Атијах, Нани Рома, Жињел де Вилије и Ерик ван Лон. Четворицата се соочија со прблеми поради кои загубија повеќе од еден час.

Третата етапа кај мотоциклистите му припадна на членот на Хонда Хоан Бреда, додека водечкиот во вкупниот пласман Тоби Прајс заврши на четвртото место.

Четвртата етапа е долга 521 километар, а ќе се вози од Сан Салвадор де Хуи до Туписа.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Наум Локоски