Реџалари не го помина четвртфиналето на Игрите во Баку

Од:

Македонскиот олимпиец Јасин Реџалари не успеа да се пласира во полуфиналето на Европските Олимписки игри на турнирот во борење-слободен стил во категоријата до 61 килограм. Тој во четвртфиналето е поразен од Радослав Великов (Бугарија) со 3:1 на поени.

Велинков загуби во следната рунда и не му овозможи на Реџалари да настапи во репасажот и да се избори за бронзен медал.

Претходно, во првата рунда натпревари Реџалари го совлада Бјенковски од Полска со 3:1 на поени.

Другите двајца македонски борачи загубија уште во 1.коло. Халил Зубаиров во категоријата до 86 килограми беше поразен од Радослав Марцинкиевич (Полска), додека Бобан Данов во категорија до 125 килограми загуби од Грузиецот Гени Петриашвили.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска