Ребензбург најбрза на велеслаломот во Марибор

Од:

Германската скијачка Викторија Ребензбург беше најбрза на трките од денешниот велеслалом возен во Марибор, Словенија. За 26-годишната Германка ова беше втора последователна и 12 победа во нејзината кариера, и 27.подиум.

Ребензбург победи со вкупно време 2:29.82, односно 32 стотинки подобро од домашната натпреварувачка Ана Древ и 34 стотинки побрзо време од Тина Вајратер од Лихтенштајн.

Водечките во Светскиот куп, Линдзи Вон (САД) и Лара Гут (Швајцарија) не ја завршија втората трка и останаа без бодови.

Генерален пласман: Вон 900 бода, Гут 855, Ребензбург 580, Фрида Хансдотер (Шведска) 661, Нина Лосет (Норвешка) 496,…

Пласман во дисциплината велеслалом: Ева-Марија Брев (Австрија) 392 бода, Ребензбург 310, Гут 362, Федерика Бињоне (Италија) 325, Вајратер 225,…

Би можело да ве интересира

Откажан стартот на скијачката сезона

Французинот Пинтуро најбрз на велеслаломот во Аделбоден

Ана Ололовска

Кристоферсен нов светски шампион во велеслалом

Ана Ололовска

Божиновски со симболичен настап на велеслаломот од Светското првенство

Ана Ололовска

Јансруд триумфираше во супервелеслалом

Ана Ололовска

Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово прикажан на американска телевизија

Ана Ололовска