Европскиот првак Реал Мадрид се закити и со светска титула. „Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога и славеа во финалето на Светското клупско првенство против саудискиот клуб Ал-Хилал со 5:3. Гол – шоу приредија избраниците на Карло Анчелоти и на крајот донесоа уште еден значаен трофеј на „Сантијаго Бернабеу“.
Во финалето Анчелоти го имаше и Карим Бензема на располагање, кој ја прескокна полуфиналната пресметка со Ал Ахли.
Винисиус Жуниор донесе водство во 13.минута, а пет минути подоцна Феде Валверде зголеми на 2:0. Муса Марега во 26.минута даде гол за надеж за Ал-Хилал, меѓутоа сепак „кралевите“ се друга класа.
Карим Бензема и Феде Валверде брзо зголемија на 4:1 на почетокот на второто полувреме, а Винисиус Жуниор беше стрелец на петтиот гол за Реал Мадрид. Два гола за Ал-Хилал во вториот дел постигна Лусијано Вието.