Со двата вечершани натпревари од 3.коло од Б групата ќе биде позната разврската во оваа група и кои две репрезентации ќе се пласираат во следната фаза, а третопласираниот тим ќе ја очекува разврската од другите групи. Во Тулуз ќе играат Русија и Велс, а во Сент Етиен е дуелот меѓу Англија и Словачка. Почетокот на натпреварите е во 21 часот.
Англија е прва е групата со 4 бодови, Велс и Словачка имаат по 3 бодови, а Русија има само 1. Сите репрезентации имаат шанси за пласман во следната рунда, со тоа што само Англија го има обезбедено најмалку третото место. Англија со нерешен резултат е сигурно во осминафиналето, додека на Словачка и е потребна победа. Русија со победа може да биде само второпласирана, додека Велс ако не загуби ќе ги задржи шансите за нок аут фазата.
Досега пласман во осминафиналето го имаат обезбедено: Франција, Швајцарија, Италија и Шпанија, а Албанија го очекува расплетот и пласманот на третопласираните репрезентациите.