Ракометарите преку Луксембург кон Европското првенство

Од:

Мaшката ракометна репрезентација на Македонија е на чекор до пласман на Европското првенство 2024, откако ја исполни целта и го победи Луксембург на гости со 23:28. В недела во Скопје, нашите ракометари ќе ја пречекаат Турција и со оглед на разликата во квалитет и на победата од првиот натпревар, извесно е дека ќе обезбедат учество на континеталниот самит.

Луксембург се држеше во ритам дваесетина минути, но Македонија сепак успеа да се одлепи пред полувремето и замина со три гола предност (11:14).

Голманот Марко Кизиќ имаше 10 одбрани, Филип Талески постигна осум гола, а следеа Кузмановски и Серафимов со по четири.

Најефикасен не мечот беше домашниот ракометар Кајсен кој постигна 10 гола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП