Ракометарите одат во втората фаза од баражот за Светското првенство

Од:

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во втората фаза од баражот за пласман на Светското првентво каде ќе одигра двомеч со Чешка откако успешно ги мина двата дуела против Романија.

Во втората пресемтка со Романците денеска на гостински терен, најдобрите македонски ракометари загубија со 24-22, но имаат висока победа со осум гола позитива обезбедена на воведниот дуел во Скопје и со тоа се вкупен победник во двомечот.

По нерешените 12-12 на полувремето, Романците побегнаа на три гола предност во средината на вторто полувреме, но тоа беше најсериозната закана во текот на мечот што беше далуко од можност за загрозување на вкупниот успех на нашиот тим.

Капитенот и селектор Кирил Лазаров со шест гола беше прв стрелец во македонскиот состав.

Дуелите со Чешка кои ќе го дадат патникот на Светското првенство се на 13 и на 16 април. Првиот меч се игра во Чешка, вториот е во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП