Ракометарите на Вардар подготовките за новата сезона ги почнуваат на 27. јули

Од:

Европскиот првак Вардар подготовките за новата сезона ќе ги почне на 27 јули, и до почетокот на СЕХА лигата и Лигата на шампионите ќе игра на два турнира и неколку контролни средби.

Настапот на „Супер Глоуб“ неофицијалното светско клупско првенство, малку го смени првично планираното, но почетокот останува ист. Екипата се собира во Скопје на 27 јули каде ќе продолжи да тренира неколку денови и каде треба да се извршат потребните медициски прегледи.

Потоа, во периодот од 3 до 10 август тимот ќе биде на базични подготовки во Крањска Гора, Словенија. Оттаму се продолжува за Германија каде ракометарите треба да настапат на турнирот на Гумерзбах.

Потоа следува враќање во Скопје и подготовка за Катар. На Супер Глоуб се заминува на 22 август и во Доха се останува до 28 август. Во меѓувреме се очекува и потврда на датумите за почеток на натпреварите во СЕХА Газпром лигата и лигата на шампионите.

Вардар сезонава го направи најголемиот клупски успех, освојувајќи четири трофеи: во домашното првенство, купот, СЕХА Газпром лигата и лигата на шампионите. Тоа досега не и успеало на ниту една машка македонска екипа.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица