Ракометарите на Вардар попладнево имаат тешко гостување во рамките на групата од Лигата на шампионите. Унгарската екипа ПИК Сегед е противник на „црвено-црните“ кои имаат амбиција и по ова коло да останат на првата позиција во групата Б. ПИК Сегед има само еден бод помалку од Вардар, па затоа и оваа екипа има желба за подобар пласман.
Вардар и ПИК Сегед досега имаат одиграно три натпревари и скорот е 3:0 за Вардар во победи, а на првиот дуел оваа сезона во Скопје македонскиот шампион победи со 30:27.
Дуелот во Сегед ќе биде привлечен бидејќи на клупите на двата тима како тренери се Шпанците Хуан Карлос Пастор (ПИК Сегед) и Раул Гонзалез (Вардар).
Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот.
Од групата Б денеска играат уште: Мешков Брест – Загреб, додека утре се играат дуелите: Кристијанштад – Рајн Некар Ловен и Цеље – Киелце.
Во А групата се одиграа два дуела од 11.коло: Кадетен Шафхаузен – Барселона 24:31 и Кил – Веспрем 25:27. Висла – Силкеборг и Флензбург – ПСЖ играат денеска.
Табела А група: Барселона 20 бодови, ПСЖ 16, Веспрем 12, Флензбург 11, Кил 11, Висла 6, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 2.
Табела Б група: Вардар 14, Киелце 14, ПИК Сегед 13, Рајн Некар Ловен 13, Мешков Брест 11, Кристијанштад 6, Цеље 5, Загреб 4.