Радовиш домаќин на 39-от „Македонски бисер“

Од:

Традиционалниот меѓународен турнир во борење „Македонскиот бисер“ претстојниот викенд ќе се одржи во Радовиш. Ова ќе биде 39. издание, во годината кога се одбележуваат две децении од еден од најголемите успеси на македонското борење и македонскиот спорт воопшто, кога екипата БК „Бучим – Јака“  во 1995 година ја освои титулата Европски клупски шамион во борење слободен стил.

– Борењето е дефинитивно најтрофејниот олимписки спорт во нашата земја и претходните резултати на нашите борачи ми даваат за право да констатирам дека ќе се врати во полн сјај и ќе го зацврсти приматот на спорт, по кој Република Македонија е препознатлива во светот. Годинава, решивме „Македонскиот бисер“ да го одржиме во Радовиш, град со богата историја, познат по своето гостопримство и вредни луѓе. Но познат и по борењето. И не случјано го сторивме тоа. Годинава се одбележуваат 20 години од еден од најголемите успеси на македонското борење и македонскиот спорт, кога екипата БК„Бучим – Јака“  во 1995 година ја освои титулата Европски клупски шамион во борење слободен стил во Париз – Франција, за да една година потоа го продолжи својот победоносен од со освојувањето на првото место на Светскиот интерконтинентален куп во борење, одржан 1996 година во Радовиш, изјави на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Агенцијата секоја година дава поддршка на оваа манифестација, а за организацијата на 39.издание од „Македонскиот бисер“ се 500.000 денари.

На турнирот ќе учествуваат околу 50 борачи од Бугарија, Белорусија, Србија, Словачка, Косово, БиХ, Унгарија, Турција и секако домаќинот Македонија.

Македонска репрезентација ќе настапи со два тима:

А тим: Иван Јанев, Јасин Реџалари ,Дејан Митров, Бехар Махмути, Бесмир Веселовски, Халил Зубаиров, Дејан Богданов и Бобан Данов.

Б тим: Николче Петров, Адил Адили, Давор Тасев, Бобан Савев и Ердал Раимов.

Пристигнувањето на натпреварувачите е утре, в сабота претпладне се елиминациските борби, а попладне финалните, в недела е заминувањето на натпреварувачите.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска