Радичевиќ: Срам ни е што загубивме вака

Од:

Првпат сезонава на гостински терен Вардар е целосно надигран, и загуби со 28:42 (16-19) на гостувањето кај Мец. Ова е втор пораз за вардарки сезонава во Главната фаза од ЛШ, и највисок пораз досега во елитното натпреварување на „црвено-црните”.

– Срам ни е, бидејќи загубивме со толкава разлика. Од почеток до крај, со толку промашени зицери не можеш да победиш. Дадовме доста голови, 28, но примивме многу 42, што значи дека одбраната ни беше катастрофа. Мора да се разбудиме, има и вакви денови, но знаеме да играме, тоа го покажавме во претходните мечеви. Ако требаше да се случи, подобро сега да биде и да се разбудиме. Не е важно кој е противникот, туку како ние влегуваме во натпреварот. Најлошо е кога влегуваме со некој страв или несигурност, тогаш се случува нешто спротивно, вели Јованка Радичевиќ, десното крило на Вардар.

Пласманот во четвртфиналето е одамна обезбеден, но по одигрување на последното коло ќе се знае дали Вардар во ТОП 8 ќе влезе од првата или втората позиција.

– Ова е најлош натпревар досега што сме го одиграле. Минатата недела беше друг проблем со екипата и нивните мисли беа на друга страна. Очигледно дека не можевме добро да се спремиме за 6-0. Кога ќе играме повторно против Мец ќе треба подобро да се спремиме. Имаме уште шанси да бидеме први во групата, но повеќе мораме да се сконцентрираме на следниот меч со Турингер на домашен терен, вели Давид Дејвис, тренерот на Вардар.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска