Без изненадувања минаа денешните шеснаесетфинални натпревари во рамки на Македонскиот фудбалски куп, а во еден од двата дуели во кој победникот се одлучуваше на пенали, Вардар ја совлада Победа во Прилеп.
Денешните резултати од 1/16 финалето во фудбалскиот куп:
Детонит – Македонија ЃП 0-3
Победа – Вардар 1-1 (5-6 пенали)
Беса – Скопје 1-1 (3-4 пенали)
ТИМ Локомотива – Охрид 0-2
Љуботен – Пелистер 0-9
Гостивар – Ренова 0-4
Кораби – Беласица 1-2
Слога (В) – Работнички 0-3
Новаци – Тиквеш 0-2
Саса – Струга ТЛ 0-2
Воска – Брегалница 0-1
Шеснаесетфиналето во Македонскиот куп ќе биде комплетирано идната среда за кога се закажани дуелите Кит Го-Шкендија, Њу Стар – Борец и Велешта – Шкупи.