Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје денеска ќе се одржи прво Првенство во шах за млади.
На натпреварот, како што најавија организаторите, секое училиште има пријавено по пет ученика. Натпреварот ќе го водат шаховски судии и стручни лица од Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на градот Скопје.
Победниците ќе бидат наградени со медали, пехари и таблети. Покрај победниците, наградени ќе бидат и менторите, соопштија од ДКЦ „Карпош“ и Град Скопје.